Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020! Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра, напиша на својот профил на Фејсбук министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерство за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020:
Поврат: 5,44 милиони евра
Граѓани кои скенирале сметки заклучно јуни: 304.637 граѓани или
∼ 25.000 граѓани повеќе во однос на претходното тримесечје
Скенирани сметки: 41,7 милиони сметки
Направен промет: 21,4 милијарди денари
Одлични резултати на МОЈДДВ за јули‼️
Скенирани 21,5 милиони сметки или за 80% повеќе во однос на просекот од сите останати месеци.
Со МОЈДДВ граѓаните добиваат трикратна корист:
Помагаат во сузбивањето на сивата економија
Добиваат поврат на ДДВ
Добиваат можност за бројни парични награди преку „Моја Награда“, напиша во пост на Фејсбук министерката Ангеловска.