Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски е предложен за позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси во новата Влада. Тој во објава на својот профил на Фејсбук се заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната доверба и вети дека по стапувањето на одговорната позиција ќе даде сѐ од себе за максимални резултати.
Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава.
Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.
Ви давам збор дека откако ќе добијам чест да стапам на таа позиција по дискусијата во Собранието, ќе дадам сè од себе за да донесам максимални резултати со кои како граѓани ќе се гордеете.
Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре. Знам дека #можеме!, напиша идниот вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.
Д. Е.