ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почнува 11. „Македокс“

August 19, 2020 10:30
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „Слеј се со тишината“ од денеска до 26 август годинава ќе се одржува единаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Оваа година фестивалот ќе има хибридно издание, односно ќе има фестивал во живо, но и онлајн, кој ќе може да го проследи публиката од цела држава.

Проекции годинава ќе има само во Кинотека и во Младинскиот културен центар (МКЦ). Во дворот на Кинотека, вечер со почеток во 20:30 часот, публиката ќе може да го погледне германскиот филм „Бинокл“ во режија на Мила Жлуктенко, а потоа српскиот филм „Зборувај за да те видам“, во режија и сценарио на Марија Стојниќ. Во МКЦ паркот ќе бидат прикажани филмовите „Премин“ („Тhe Crossing“) во режија на Отавио Алмеида од Куба, а потоа „Спиењето на Макс Рихтер“ од Обединетото Кралство/САД во режија на Натали Џонс.

Поради пандемијата на Ковид-19, нема можност гостите да бидат во живо, сепак, голем дел од нив ќе присуствуваат на фестивалот виртуелно. Дискусиите „Под смоква“, мастер-класовите и работилниците исто така ќе одат онлајн. По проекциите на филмовите, ќе има вклучување во живо со авторите, а публиката ќе може да постави прашања.

Организаторите соопштија дека успеале да го организираат фестивалот „Македокс“ со целосната програма, замислена од 2019 година. Најавија дека нема да прават отстапки од претходно замислената програма, освен мерките и препораките за заштита на публиката.

Во фокус на фестивалот е дизајнот на звук, а плакатите за фестивалот ги изработија студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според главниот селектор на фестивалот, Петра Селишкар во рамки на Главната програма и програмата на нови автори има одлични филмови и додаде оти се врќаат автори кои досега имале еден или два филма на „Македокс“. Публиката во рамки на Главната програма ќе може да ги погледне филмовите „Епицентар“, „Испеј ми песна“, „Кога прашината ќе слегне“, „Колектив“, „Нашата временска машина“, „Само ѓаволот живее без надеж“, „Светиот татко“, „Спиењето на Макс Рихтер“, „Среќен Божиќ, Јиву“ и „Фатени во мрежа“. За главната награда „Зрел кромид“ ќе одлучува жири составено од директори на повеќе фестивали во светот.

Во рамки на Програмата за нови автори, има премиера на филмот „Професорот“ од македонскиот автор Јордан Дуков. Во оваа програма се и филмовите „Еуфоријата на постоењето“, „Вселенски кучиња“, „Зборувај за да те видам“, „Земјата е сина како портокал“, „Ме викаат Бабу“, „Мое тело“, „Нашиот дом“, „Ништо без семејството“ и „Тунел“.

Во рамки на кратката програма или кратките документарци, од „Македокс“ информираа дека годинава имале доста пријави од регинот, од Србија, Црна Гора, Словенија, Грција и дел од нив ќе бидат селектирани на годинашното издание на фестивалот. Ќе има две македонски премиери, на „Нејзиното семејство 2010-2019“ на Елизабета Конеска и „Сите ќе умреме“ на Сашко Потер Мицевски.  Во оваа програма се предвидени 15 крати наслови, од кои две се македонски премиери.

Во студентската програма или студентски документарци има селекирано 14 студентски кратки филмови и среднометражни од разни европски академии, но има филмови од Куба, Англија. Оваа година, за најмладите има детска програма која ќе оди онлајн на платформата на фестивалот. Детската програма  е подготвена заедно со уште три фестивали на документарни филмови од Исланд, Грузија и од Словенија.  Детската програма ќе биде комбинација од кратки документарни филмови и кратки анимирани филмови за деца и за млади. Има и некои долгометражни филмови посветени на младите над 14 години и на тинејџерите.

Земја во фокус годинава е Холандија поради тоа што покажува исклучително почитување кон документарното филмско творештво и дала голем број документарни филмови досега. Публиката ќе може да погледне шест квалитетни филмови од холандски режисери кои зборуваат за разни теми. На 20 август публиката ќе може да го погледне најновиот филм „Кога прашината ќе слегне“ на Џон Апл. По премиерата на филмот, тој се согласил на 22 август да одржи мастер клас онлјан.

Во рамки на фестивалот, во тек е и работилницата за звук со Владимир Ракиќ од Србија, кој живее и работи во Холандија. Предвидени се две дебати, на 23 август за сексуално образование, и на 26 август дебата за тоа како се прави детска програма и што е во фокусот на децата и младите во филмот и документаристиката.

Единаесеттиот Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“ е коорганизиран во соработка со Кинотека и со МКЦ, а поддржан е од програмата МЕДИА на Креативна Европа, Кралството Холандија, Чешка амбасада, Чешкиот културен ценатар од Софија и Град Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk