Централното Собрание на Демократската Унија за Интеграција ги потврди имињата на министрите во новиот владин кабинет. Партијата ги објави имињата на петте министри, а дополнително ќе се одлучува за Министерството за Информатичко Општество.
Нуредини и Бектеши ќе ги зачуваат досегашните позиции, а Бујар Османи преминува во МНР.
Во фотељата на Садула Дураку ќе седне Артан Груби, кој ќе биде и прв вицепремиер, а некогашниот министер за економија од пред два мандати, Фатмир Бесими, се предлага за Министер за Финансии.
Официјалната листа:
Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – (ќе биде дополнително одлучено)
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби
Како што беше познато и од порано, Талат Џафери уште еден мандат ке преседава со Собранието.
Д. Е.