Од 19 август 2010 година, кога за првпат се одржала онлајн изложба на фотографии на светско ниво, се одбележува светскиот ден на фотографијата. Одбележувањето на Денот на фотографијата се поврзува со пронаоѓањето на дагериотипот, процес развиен од французите Луи Дагер и Жозеф Нисфор Нипс во 1837.
Две години од пронаоѓањето, дагериотипот бил претставен од Академијата на науки, а на 19 август 1839 француската влада го откупила патентот и го прогласила изумот за „подарок за цел свет“.
Во 1826, Нипс ја направил првата трајна фотографија позната како „Поглед од прозорецот во Ле Грас“, при што користел процес наречен хелиографија.
Во август 2010 година, првиот Ден на фотографијата бил одбележан со првата онлајн галерија во светот. Речиси 270 фотографи ги споделиле своите дела, а луѓе од над 100 земји ја посетиле страната на настанот. Од тогаш денот се слави како Ден на фотографијата.
Во далечната 1839, првото „селфи“ го направил американецот Роберт Корнелиус. Тој ја наместил својата камера, ја сликнал сликата со отворање на капачето на леќата и се стрчал пред апаратот. На позадината на фотографијата тој напишал „првата светла слика некогаш направена, 1839“.
Првата дигитална фотографија пак, е направена во 1957, речиси 20 години пред инженерите на Кодак да ја измислат дигиталната камера. Таа е дигитален скен од снимка првично направена на филм. На фотографијата е синот на Расел Кирч, кој е познат како „креаторот на пикселот“, а резолуцијата на сликата е 176х176.
Превод: А. Н. С.