Министеротот Филипче извести за уште една радосна вест. Младиот Теофан се излекува од малигна болест на Клиниката за детски болести.
„Уште едно детенце излекувано од малигна болест на Клиниката за детски болести! Најголемиот смешко Теофан ја победи болеста и вчера си замина дома. Тој повторно ќе има среќно детство и ќе се дружи со другарчињата. Му посакувам секогаш да биде насмеан и силен како и досега. Браво за целиот тим на установата!“ – напиша министерот Филипче
Ј. Ѓ.