– Левица е наменски формирана партија и лажно се претставуваат во јавноста, истакна Јанко Бачев во гостувањето на емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
-Партијата е формирана наменски за изборите, рече Бачев.
Тој истакна дека Левица е формирана есента 2015 година, кога што ВМРО-ДПМНЕ оценува дека му треба наменска партија за да влече гласови од СДСМ. Бачев појаснува дека тогаш Мијалков го задолжил Емил Димитриев како генерален секретар да помогне во регистрацијата.
Левица како што вели Бачев сакале да се регистрираат со име Лабуристичка партија, од Левица сакале да биде Лабуристичка партија, но ВМРО смета дека е посоодветно да се регистрира како Левица.
Го наградуваат лидерот на таа сега партија во Аеродром со стан во зграда на Ивица Коневски, комшии се и денес тој линк помеѓу Коневски и Апасиев се остварува, па Апасиев и денес е играч на Мијалков, вели Бачев.
„На изборите настанува конфликт, Апасиев се прешалтува со Сорос, учествуваше во палење на канцеларијата на Иванов, па после тоа Заев го наградува со советничко место во СЈО со хонорар од 40 илјади денари. Се претставува како професор по Римско право, а на Јанева и требаше советник од кривично-правна обаст. Беше вметнат во СЈО по задача. Очигледно Апасиев добро манипулира со масите, доаѓа со точак во Собрание, а вози Алфа Ромео. Од друга страна вели дека е дете на стечајни работници, Левица е партија која се бори за работниците. Тој е лажен левичар, има добиено 280.000 евра од 2017 до 2020 година од Трезорот. А од друга страна се претставуваат левичари, а немаат фонд за помагање на луѓе и деца на транзицијата.“, рече Бачев во гостувањето на Канал 5.
Ј. Ѓ.