ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Младиот архитект Никола Ѓорѓиевски од Скопје заедно со тим од Белград освои прво место на конкурс во Бања Лука

Сите членови на тимот се од Белград, освен Никола кој доаѓа од Скопје. Тој по професија е архитект, пејзажен архитект и урбанист. Магистрирал на државната архитектонска школа во Осло, Норвешка и на Архитектонскиот Факултет во Скопје – УКИМ. Дел од своите студии ги поминал во Глазгов, Шкотска, а дел и во соработка со холандската техничка школа во Делфт.

August 20, 2020 16:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младиот архитект Никола Ѓорѓиевски од Скопје е еден од членовите на тимот кој освои прво место на архитектонски конкурс во Бања Лука. Првонаградениот проект е Мултифункционална сала / конгрес центар чие оригинално, но и смело решение ги однесе овие млади архитекти на првото место во конкурс на кој беа пријавени над сто тимови-кандидати.

Автори на овој проект се studio.offline односно Никола Ѓорѓиевски, Милош Јокиќ, Ненад Стијовиќ, Стефан Илиќ, консултант е Миодраг Грбиќ, а соработници се Тијана Мачкиќ, Стефан Даниловиќ, Јована Ковачевиќ и Јелена Златановиќ.

Никола, Милош и Тијана заедно имаат учествувано на повеќе проекти, а имаат освоено и трето место на конкурсот за нова зграда на ансамблот за народни игри и песни во Белград.  Поради овој успех, нивната соработка продолжила, па со адаптирањето на условите наметнати од пандемијата, го оформиле тимот кој ги донесе до оваа значајна победа.

Сите членови на тимот се од Белград, освен Никола кој доаѓа од Скопје. Тој по професија е архитект, пејзажен архитект и урбанист. Магистрирал на државната архитектонска школа во Осло, Норвешка и на Архитектонскиот Факултет во Скопје – УКИМ. Дел од своите студии ги поминал во Глазгов, Шкотска, а дел и во соработка со холандската техничка школа во Делфт.

Моментално работи како асистент истражувач на архитектонската школа во Архус, Данска, на отсекот одржлива архитектура и пејзаж. Претходно работел како помлад соработник – експерт по архитектура и урбанизам во УНДП – секторот за климатски промени, и како истражувач на институтот за урбанизам и пејзаж на факултетот во Осло. Пред тоа има работено на Архитектонскиот Факултет во Скопје како надворешен стручен соработник на интегративните студија „Обрасци на Раст“ и на катедрата општествени згради.

Сите членови на тимот се млади, помеѓу 25 и 28 години, и значајно е тоа што ваква награда се доделува токму на млади таленти, но и во време кога условите за работа се променети и консултациите и планирањето се одвиваат на дистанца. Тимот од Белград е впрочем еден виртуелен колектив, кој за прв пат работи во ваков состав, и никогаш не се сретнале сите во живо, па затоа оваа победа е доказ дека и вакви комплексни проекти може да се работат онлајн, без физичко присуство.

Проектантската задача на овој конкурс претставува нова мултифункционална сала/конгрес центар за градот Бања Лука, која има за цел да го унапреди урбаниот идентитет на градот, да го акцентира новиот културно-општествен живот и да го активира и интензивира околното градско ткиво. Новата мултифункционална сала има централна амбиција да стане симбол на градот и воедно да ја промени и збогати градската силуета.

„Комплексноста на нашата зграда бара кохерентна мисла, идеја и дизајн, во спротивно нејзиното сценарио станува нејасно. Во потрагата по чисто и јасно решение, а држејќи се кон нашиот став за вертикален просторно-програмски развој, создадовме концепт на морфолошка и метафорична дихотомија. Овој потег одлучи зградата да ја поделиме, по вертикала, на две целини, односно две куќи – “Opera di Natura” и “Opera di Mano.” Првата куќа е срцето на зградата – машина која ги дистрибуира сите информации и која, во морфолошка смисла, претставува темел/постамент. Додека пак втората куќа претставува манифестација на креативен спектакл – фузија од дизајн, модерна технологија и уметност. Воздушен простор низ кој посетителот „лета“ до последната дестинација – параметрицистичката обвивка наречена облак.“

“Opera-di-Natura”:

Концептот на првата целина преставува фундаментален просторен склоп, неопходен за една добро-организирана мултифункционална сала. Со други зборови, она што преставува природниот наклон за грчкиот амфитеатар, е првата куќа за овој комплексен ансамбл. Прагматичен простор кој ја дефинира функционалната и просторната шема, и со тоа, станува првата природа на оваа зграда. Оваа целина е всушност скелетот кој врши лесна просторна дистрибуција за целокупен оптимален перформанс ширум сите програмски капацитети. Надворешниот впечаток на првата куќа е цврст и статичен, дополнително интензивиран со употребата на црни цигли кои создаваат една универзална рамнина околу долниот периметар.

“Opera-di-Mano”:

Втората целина преставува спектаклот на зградата. „Трудот на човековите раце“. Аспектите на светлина и слобода се сеприсутни низ муралот на “Opera-di-Mano,” – простор на визуелни задоволства. Дихотомијата помеѓу двете целини е нагласена најмногу преку употреба на материјалите, и во таа смисла, стаклената фасада не само што е контраст на црните цигли, туку трепери и исчезнува, и со тоа ја истакнува внатрешната архитектура како интегрален дел од целокупната надворешна композиција. Овој воздушен транзитен простор отвора нов паралакс од висти, вертикални и дијагонални структури обземени од бранови светлина, и кулминира со најевидентниот дел во просторот – параметрицистичко транслуцентната обвивка. Посетителот преставува последниот акт на оваа зграда – ритуално качување од долниот смирен и прочистен простор кон спектакуларното финале – облакот.

Оваа награда е од суштинско значење, бидејќи претставува стимул за младите таленти кои се борат да го обележат своето место во полето на архитектурата помеѓу постарите, веќе докажани генерации, но истовремено е и доказ дека адаптирањето на промените во вонредни услови може да донесe видливи резултати, и да докажe дека и најкомплексните проекти може да се работат на нов начин, без физичко присуство.

Искра Ежова

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

July 13, 2025

(ВИДЕО) Синер го победи Алкараз за прв трофеј на Вимблдон

July 13, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk