ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обновата на Европа, Белорусија, Турција, Мали, Либан се наоѓаат на менито на средбата меѓу Макрон и Меркел

August 20, 2020 15:23
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

За да ја потврди цврстината на француско-германската врска, францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе ја пречека канцеларката на Германија, Ангела Меркел, во тврдината Бргансон каде ќе разговараат за кризите што го тресат светот и европскиот континент, јави дописникот на МИА.

Тврдината Брегансон со текот на летата се претвори во втора Елисејска палата, каде францускиот претседател се сели за време на  летната пауза. Истовремено таа се претвора и во дипломатска алатка, која тој ја користи за да ги почести своите меѓународни гости и да се обиде да ги реши жешките моменталните проблеми.

Откако Тереза Меј во 2018 година разговараше за Брексит, откако Владимир Путин минатата година се обиде да ја прклучи Русија повторно кон Европа, сега редот е на Ангела Меркел да добие почести во тврдината каде, во изминатите петнаесет години откако е  на власт, таа никогаш не била поканета. Последната посета на германски канцелар датира од 1995 година, кога Франсоа Митеран го покани Хелмут Кол. За Емануел Макрон, кој ги сака симболите, тоа ја покажува важноста што тој му ја дава на состанокот.

-Посетата на Берганкон е исклучителна. Има само една годишно. Тоа е начин претседателот да ја покаже силата, енергичноста и квалитетот на француско-германските односи, се вели од опкружувањето на Емануел Макрон.

Со оглед на важноста на менито за разговори меѓу двајцата шефови на држави, симболиката на тврдината е уште поголема. Со кризата со коронавирусот, европскиот план за обнова, кризата во Белорусија, експлозијата што го уништи Бејрут, воениот пуч во Мали, тензиите со Турција во Медитеранот, нестабилноста во Либија, непријатното прашање за дерегулација на климата и се уште присутната проблематика со миграциите, француско-германската двојка треба да ја потврди својата цврстина. И да се осигура дека нема голема разлика за овие прашања меѓу двете држави.

Посетата на канцеларката нема да трае долго. Нејзиното пристигнување во Брегансон е закажано за околу 16 часот, по што ќе се одржи средба очи в очи со францускиот шеф на државата. На крајот од нивната средба, Емануел Макрон и Ангела Меркел ќе одржат прес-конференција, а потоа ќе имаат работна вечера проширена за членовите на нивните делегации.

Од јулскиот европски самит и стимулацискиот план од 750 милијарди евра, што ги изнудија Франција и Германија од „незгодните“ земји, Макрон и Меркел се приближија. Ова беше прв пат Германија да се согласи на некаков вид здружување на долговите. Сепак, сите несогласувања не се решени.

Додека Елисеската палата негира какво било несогласување со Германија во врска со односот на Турција кон Медитеранот, остануваат разликите во мислењата. Емануел Макрон стои цврсто наспроти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во Германија, на канцеларијата не и се допаѓа француското воено распоредување во источниот Медитеран за поддршка на Грците. По ова прашање, шефот на државата се бори да ја привлече Ангела Меркел на своја страна, која има три милиони Турци во нејзината земја.

За Емануел Макрон, оваа средба со Ангела Меркел ќе го започне неговото „дипломатско враќање“ на сцената и крајот на неговата летна пауза. Претседателот на Франција мора да го напушти Форт Берганкон на крајот на неделава за да се подготви за Советот на министри  што ќе го претседава во понеделник. На менито презентацијата на владиниот план за пост-Ковид обновувањето, во висина од 100 милијарди евра.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Пратеници доаѓаат во Собранието, но седница не се очекува денес

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk