Голема раздвиженост на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. На главните влезови се гледа како влегуваат и излегуваат пратеници од различни партии, претежно од редовите на новото парламентарно мнозинство.
Иако вчера претседателот на ДУИ најави за денеска седница за избор на претседателот на Собранието, сѐ уште нема официјална информација кога седницата ќе биде закажана, но во кратки изјави и одговори за медиумите, за денес никој не очекува да има седница.
„За денеска не”, одговори кратко пратеникот на ДУИ, Исмаил Јаховски, во излегување од Собранието.
Д. Е.