Реизбраниот претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во изјава за медиумите по завршувањето на конститутивната седница, најпрво им се заблагодари на сите вработени во сите инфективните оддели во земјава за секојдневната борба со вурусот Ковид-19 истакнувајќи дека нивна е заслугата за тој да може да стигне до овој момент.
Џафери им се заблагодари и на 62 колеги кои ја поддржаа неговата кандидатура, но и на оние кои со дебата придонесоа во демократските вредности без оглед на нивните ставови за гласање против, како и на оние кои не седнаа во сала во моментот на гласањето.
Сепак јас останувам козистентен на ставот дека ќе бидам претседател на 120 пратеници без оглед како гласале. Овој ќе биде период на предизвици, и за мнозинството, но и за опозицијата. Треба да придонесеме и едукативно и на генерациите кои ќе бидат во Собранието, а секако демократијата дозволува сешто, но сето тоа оди на лична сметка на секој зависно како се однесува, рече Џафери.
Д. Е.