Министерот за здравство Филипче, информира дека за првпат во нашата земја добиваме кабинет со биосигурност ниво 3 – донација од американската амбасада.
– Овој кабинет е во просториите на Институтот за јавно здравје. САД е нашиот најсериозен стратешки партнер, не само сега, туку години наназад со чија помош значително ги подобривме условите во здравствениот сектор. Се заблагодарувам на амбасадорката Кејт Мари Брнз за несебичното залагање во ковид кризата, напиша на ФБ, Филипче.
За првпат во нашата земја добиваме кабинет со биосигурност ниво 3 – донација од американската амбасада. Овој кабинет е…
Posted by Венко Филипче on Friday, August 21, 2020
Филипче вели дека во лабораторијата на ИЈЗ, од почетокот на пандемијата немаше ниту еден инфициран вработен здравствен работник и строго се придржуваат до сите стрикни протоколи.
Тој упатува благодарност и до директорот на ИЈЗ д-р Шабан Мемети и д-р Голубинка Бошевска за пожртвуваната, 24 часовна работа на ден од почетокот на кризата.
Ј. Ѓ.