На конститутивната седница на новиот собраниски состав, последната точка на дневниот ред беше изгласување на членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија.
За претседател на комисијата беше предложен и изгласан портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, а негов заменик ќе биде потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири.
Собранието ги изгласа и членовите на оваа комисија, и тоа: Горан Мисовски, Јован Митрески, Фаница Николоска, Фадил Зејнели, Мерита Колчи-Коџаџику, Арбен Зибери, Антонијо Милошоски, Александар Николоски, Дафина Стојаноска, Игор Јанушев, Никола Мицевски и Сурија Рашиди.
За заменици во Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија избрани се: Моника Зајкова, Павле Трајанов, Сања Лукаревска, Мартин Костовски, Берат Ајдари, Арта Билали Зендели, Владо Мисајловски, Благица Ласовска, Ане Лашкоска, Марија Петрушевска, Кирил Пецаков и Хусни Исмаили.
А. Н. С.