Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, во комуникација со сопартијки преку платформата Телеграм ги повикува активно да објавуваат статуси на социјалните мрежи од своите профили и од официјалните профили на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на Христијан Мицкоски, стои во текст на Слободен Печат.
Ова доаѓа во време кога позицијата на Мицкоски како претседател на партијата е под закана, со оглед на тоа што сѐ поголем дел од членството бара одговорност и оставка од него по загубените избори. Имено, оставка во случај да изгуби или не успее да формира влада најави и самиот тој, а неговите приврзаници во партијата убедуваат дека тој е легитимно избран претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Д. Е.