Опозициските пратеници по паузата од говорницата на Конститутивната седница на Собранието, каде на дневен ред е избор на Џафери за спикер на Собранието, продолжија со опструкции на дневниот ред со напади кон СДСМ и Коалицијата „Можеме“, како и нивните претставници во законодавниот дом.
Опозициските избраници во Собранието продолжуваат со негативната реторика која е добро препознатлив пристап на ВМРО-ДПМНЕ, во обид да ја оцрнат владејачка коалиција и парламентарното мнозинство.
Опозицијата, иако не успеа да собере мнозинство за формирање влада, убедена е дека новиот владејачки состав нема да трае 4 години, поточно „дека е на стаклени нозе“.
Д. Е.