Талат Џафери е повторно избран за претседател на Собранието на С.Македонија.
За избор на Џафери за претседател на Собранието гласаа 62, против беа 43, воздржани нема. На седницата беа присутни вкупно 105 пратеници. Пратениците од Алијансата за Албанците и Алтернатива, не учествуваа во гласањето.
За предлогот за избор на Џафери претходно беа поднесени во Собранието потписи од 62 пратеника колку што е парламентарното мнозинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ со Беса, ДУИ и ДПА.
Петседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.
Џафери во наредните денови ќе треба да закаже и седница на Собранието за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Рокот за поднесување предлог за избор на нова Влада е 2 септември.
Ј. Ѓ.