ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анкета на ФИТР: Домашните компании се подготвени да инвестираат за да излезат од кризата

August 22, 2020 13:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Домашните компании се подготвени да започнат со инвестиции во време на актуелната криза бидејќи вакво прилагодување им е неопходно за опоравување и понатамошно функционирање, покажува анкетата што ја спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во периодот од 24 јули до 19 август.

Над 50 проценти од вкупно анкетираните 256 компании сметаат дека моментот за вложување е соодветен, додека само 13 проценти одговориле дека се уште е рано да се влезе во нов инвестициски циклус.

Во однос на износот на финансиска поддршка, 40 проценти од компаниите сметаат дека е доволна за инвестиции во фазата на опоравување што е особено изразено кај средните (73 проценти) и малите претпријатија (68 проценти), како и дека процентот на кофинансирање е соодветен на што потврдно одговориле 58 проценти. 29 проценти од компаниите пак сметаат дека износот треба да се зголеми.

Анкетата покажа и дека 74 проценти од компаниите кои биле анкетирани не користат друг вид државна помош, а само 26 проценти користат и тоа во најголем дел субвенции за минимална плата, 16 проценти користат бескаматен кредит, а само девет проценти, односно пет компании се корисници на средства на ФИТР.

Голем дел, односно 44 проценти сметаат дека процесот на аплицирање е јасен и едноставен, а осум проценти се соочиле со суштински проблеми при пополнување на формуларот. За 40 проценти од компаниите, критериумите за евалуација се соодветни, додека 25 проценти сметаат дека со нив се фаворизираат одредени индустрии.

На прашањето како го оценуваат новововедениот механизам за поврат на средствата, компаниите имаат различни ставови. Деветнаесет проценти сметаат дека овој механизам е добар, но дека процентот на поврат треба да се намали, додека поголемиот дел од 29 проценти сметаат дека основот за поврат на средствата треба да биде пресметан од приходите остварени од проектот, а не на база на остварени приходи на  ниво на претпријатие.

Како сугестии кои ги предлагаат компаниите е ФИТР сам да ја обезбедува документацијата од државните институции и да се обезбедат онлајн обуки и туторијали за аплицирање.

– Резултатите од оваа анализа и препораките на домашните компании се можност за нивен директен придонес во креирањето на условите за вториот циклус што Фондот планира да го реализира веднаш по завршување на тековниот. Тие ќе бидат вклучени во инструментот за поддршка за економско заздравување, кој во моментов е во фаза на адаптација, велат од ФИТР.

За реализација на втор и следни циклуси на јавни повици за економско заздравување, Фондот иницира дополнителни средства од Владата, на веќе обезбедените 200 милиони денари, од кои поголем дел ќе бидат искористени уште со првиот циклус.

Програмата за економско заздравување е дел од третиот пакет економски мерки на Владата и е наменет за поддршка на микро, мали и средни компании.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

politika.rs

Кина ветува „подлабока“ поддршка за Русија по заканата од Трамп

July 15, 2025

Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен

July 15, 2025

Соработката помеѓу Европската народна партија и Спрска напредна странка над случувањата во Србија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сулејмани: Фестивалот „Кенге Јехо“ ги зацврстува културните врски и меѓународната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk