ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Премиерката на Финска е за скратување на осумчасовниот работен ден

Партијата на Марин во дебата го отфрли предлогот за експериментирање со шестчасовен работен ден, и наместо тоа усвои предлог за скратување на часовите или воведување поголема флексибилност во работниот живот.

August 24, 2020 18:39
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Финската премиерка Сана Марин денеска повика да се скрати сегашниот осумчасовен работен ден, нагласувајќи дека покусо работно време може да се компензира со зголемена продуктивност.

Марин, која ја започна идејата за шестчасовен работен ден пред да стане премиерка, ќе мора да ги убеди другите четири партии во коалициската Влада да го отворат патот за скратување на работниот ден, во услови на зголемена невработеност предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

– Мора да направиме јасна визија и конкретни чекори за Финска да се придвижи кон покусо работно време, а вработените во Финска кон подобар работен живот, рече 34-годишната лидерка пред членовите на нејзината партија, кои вчера ја избраа за претседателка на социјалдемократите.

Марин, која е една од најмладите премиери во светот, ја предводи финската Влада на левиот центар од декември 2019 година, откако еден од сојузниците во коалицијата го натера нејзиниот претходник Анти Рине да поднесе оставка.

Заедно со Рине, кој беше на чело на партијата до вчера, Марин ја насочи владата налево, кревајќи ги пензиите и укина дел од намалувањата на трошоците на претходната влада.

Претходно денеска, нејзината партија во дебата го отфрли предлогот за експериментирање со шестчасовен работен ден, и наместо тоа усвои предлог за скратување на часовите или воведување поголема флексибилност во работниот живот.

Марин рече дека покусо работно време би било можно со зголемување на продуктивноста и дека нема да биде во судир со силните јавни финансии или целта на Владата да ја зголеми стапката на вработеност од сегашните 73,7 проценти на најмалку 75 проценти.

– Богатството што го носи зголемувањето на продуктивноста на трудот мора да се дели не само меѓу сопствениците и инвеститорите, туку и со обичните работници, рече таа.

Таа повтори дека Владата планира да инвестира во образованието и има за цел да ја направи Финска јаглерод-неутрална до 2035 година, повикувајќи на зелени инвестиции за зајакнување на економијата./МИА/

Next Post

ТикТок ја тужи администрацијата на Трамп

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk