„Заедно сме направиле многу работи и партнерството со СДСМ треба да продолжи“, рече за ТВ21, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Прашан Ахмети за последните релации со партијата која доби најголем број на мандати, како и превирањата за време на предизборната и изборна кампања, тој вели СДСМ и ДУИ направиле доста работи заедно за тригодишниот мандат колку што траеше последнот владин состав.
Ахмети исто така рече дека Заев се извинил за тоа што во нелегално сниманите разговори кои беа објавени во изборната кампања вели дека Албанците вредат пет пари.
„Зоран Заев се извини за тоа што рече дека Албанците не вредат 5 пари“, одговори Ахмети.