Владата на Македонија денеска во 12 часот ќе одржи седница. Ова ќе биде една од последните седници на Владата во овој состав, а се очекува во следните денови да биде констутирана новата Влада откако СДСМ и ДУИ се договорија за постизборна коалиција.
Мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев најави дека утре ќе ги достави предлозите за министри до Собранието, кое потоа ќе треба да гласа за составот на новата влада.