ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Од понеделник повторно прскање против комарци, секоја дезинсекција е под надзор на ЦЈЗ

August 27, 2020 14:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од понеделник ќе се врши терестрична дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје против возрасни форми на комарци. Оваа дезинсекција ќе почне на 31 август и ќе заврши најдоцна до петок, 4 септември. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Како што истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешниот брифинг со новинарите, годинава е прскано во пет наврати. Секое прскање со хемија е штетно, и поради тоа посочи дека не може да се врши толку често.

Според него, годинашната експанзија на комарци во август се должи на највлажниот август во изминативе 50 години. Проблемот е регионален и треба да се вклучат сите засегнати страни.

– Претходно немавме проблем до толкава мера. Сепак мора најмалку десат дена да поминат додека повторно да се изврши прскање против комарците поради тоа е што е штетно за здравјето на луѓето. Сепак, очекувањата се дека конечно ќе се реши проблемот, рече Шилегов.

Тој информира дека Градот Скопје не е надлежен да врши запрашување против комарци на своја рака, туку тоа се прави координирано си останатите институции, а се е под надзор на Центарот за јавно здравје.

-Во јануари секоја година добиваме извештај од Центарот за јавно здравје по кој се раководиме во однос на прскањето, кои се места кои треба да се мапираат. Градот ова не го прави сам на своја рака, туку во координација со повеќе институции. Се е под надзор на Центарот за јавно здравје. Целото запрашување е координиарно меѓу повеќе институции, ние не можеме да излегуваме надвор од тие насоки коки ги добиваме од Центарот за јавно здравје. Самата постапка на запршаување е под надзор на Центарот за јавно здравје, претставници на Центарот, не можеме да правиме импровизација, бидејќи ова директно ги засега 700 илјади жители на скопската котлина, додаде градоначалникот.

Шилегов појасни дека Градот Скопје функционира исклучиво во рамките на свои административни граници, но во делот под ингеренции на останатите општини, како што појасни, има несериозен однос, и немаат спроведено ниту едно запрашување годинава.

– Ние како Град Скопје може да функционираме исклучиво во рамки на административни граници, но од општините кои се дел од скопската котлина, ниту една годинава нема спроведено ниту еднаш запрашување, тоа се Сопиште, Арачиново.. општини кои се природен дел од градот, но не учествуваат активно во оваа битка која ја кренавме заеднички, што значи дека токму затоа нашата битка е осудена на парцијален успех, додаде Шилегов.

Николина Соколовска од Центарот за јавно здравје денеска на брифингот посочи дека ниту една од овие мерки не ги уништува комарците целосно, туку само ги сузбива односно ги намалува.

Соколска појасни дека сите општини, и градски и приградски мора да се централизираат за да се реши проблемот. Мора да работат координирано сите засегнати страни.

– Комарец лета од 5 до 50 километри на ден. Ние ќе имаме проблем се додека во целост сите заедничкки навремено не си ги обавуваат своите обврски, односно сите општини и градски и приградски. Мора централизирано да се решаваат проблемите. Ние како Центар за јавно здравје до сите општини доставуваме елаборати, до 31 јануари и тоа го планираат на Совет буџетот да се спроведе, но до тука е нашата обврска, рече Соколовска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Епидемиолошката состојба и легислативата причини за одложување на учебната година

НАЈНОВО

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk