ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сојузот на средношколци останува на одлуката за протест в понеделник

August 27, 2020 11:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Средношколскиот сојуз не отстапува од закажаниот протест в понеделник (31 август) и покрај тоа што со вчерашната одлука на Владата почетокот на учебната година е одложен за еден месец односно за 1 октомври. Сојузот бара почетокот веднаш да биде со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.

Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи за МИА изјави дека учебната година да почне на 1 октомври бил нивни предлог кога нивни претставници беа на средба во Владата, затоа што сметале дека треба да има повеќе време надлежните да подготват комбиниран модел на настава за кој тие се залагаат.

Иницијаторите на протестот се против наставата да почне онлајн во сите средни училишта, како што е планирано, туку со комбиниран модел односно ротирање на средношколците во класовите на секои два дена (следење на наставата онлајн и физичко присуство) и пристапот да не биде централизиран, туку секоја општина  да организира модел според епидемиолошката состојба односно број на заразени. Инсистираат на комбинирана настава и затоа протестот не го откажуваат.

-Во изјавите вчера од Владата имаше промена на реториката и демагогиоја и за да се одземе вниманието за протестот рекоа дека ќе има комбиниран модел. Ние ќе протестираме за да имаме комбиниран модел од 1 октомври, а не наставата да почне онлајн, а моделот да се смени потоа, накај ноември, изјави Ходаи.

На средбата со Комисијата за заразни болести, како што рече, им било сугерирано дека е побезбедно наставата да ја почнат онлајн, а потоа состојбата ќе се мониторира и во зависност од тоа моделот ќе се менува.

-Ние сакаме децентрализиран пристап, а не една одлука за сите. На пример во Тетово, од каде што сум јас, има многу заразени со КОВИД-19, не треба да се оди во школо и треба ригорозна онлајн-настава. Но ако е некој од Охрид, Ресен или Струга каде што нема многу заразени секој ден, треба да се оди во школо. Не да сме базирани што има Скопје, Куманово или Тетово, додаде Ходаи.

Сојузот на средношколци има ограноци во 17 градови во земјава и, како што рече нивниот лидер,  ќе имаат голем број претставници на протестот в понеделник, а ќе им се придружат и родители кои поддржуваат модел за кој тие се залагаат. Почетокот на протестот е закажан во 17.30 часот пред Министерството за образование и наука и е планирано да заврши пред Владата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Пладневен преглед на вести: СДСМ најави стабилна, ефикасна и одговорна Влада, средношколците во понеделник на протест...

НАЈНОВО

Војаџер 1 и 2, Фото: Генерирано со ВИ

ФронтКосмос VI: Патот и мистериите на Војаџер 1 и 2 – гласот на човештвото

October 12, 2025

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk