Техничкиот премиер во актуелната Влада, предложен повторно за министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски, давајќи отчет за деветмесечното работење на техничката Влада, најави преиспитување на работата на Наќе Чулев, кој беше технички министер за внатрешни работи. Одговарајќи на новинарско прашање за смени и деградирања на полицајци, Спасовски рече дека решенијата ќе ги носи преку дијалог, пренесеува Макфакс.
„Не требаше да се случуваат ако сакаме полиција како што сакаме да имаме. Од моментот кога парламентот ќе ја изгласа владата, ќе видам што е направено во овие 9 месеци. Како што водев дијалог и претходно, ќе седнеме и со вработените и со синдикатите на разговори. Врвен приоритет е професионална полиција, полиција што ќе им служи на граѓаните“, рече техничкиот премиер Спасовски.