Унифицирана национална платформа за онлајн-настава со двонасочна комуникација во сите училишта во Македонија подготвува Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Целта е таа да биде готова до 15 септември и да може во исто време да опслужи 200-300 илјади корисници, вели вон. проф. д-р Боро Јакимовски, продекан за наука и соработка на ФИНКИ, објави Факултети.мк.
Минатата недела беше формирана работна група од претставници на ФИНКИ, Министерството за информатичко општество и администрација, а на средбата присуствувале и претставници од МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (ИКТ).
– ФИНКИ и МИОА го оформија предлогот за единствена национална платформа за унифициран и координиран начин на онлајн-настава со двонасочна комуникација. Инфраструктурата и системот веќе се подготвуваат, а воедно се организираат и останатите организациски и координативни активности – вели Јакимовски за Факултети.мк.
Јакимовски објаснува дека на платформата наставниците лесно ќе можат да објавуваат наставни материјали, да прикачуваат содржини, надворешни ресурси, како и да поставуваат домашни задачи, наставни листови и сл. Платформата ќе биде интегриран систем во чии рамки наставникот ќе може да спроведува и онлајн-час на многу едноставен начин.
– Ќе направиме околина која ќе овозможи добро структурирање на содржините, каде што секој наставник ќе има слобода да ги доуредува содржините за своите ученици. Ќе се направат напори и за интегрирање на постојните содржини на автоматизиран начин. Платформата ќе биде хостирана на инфраструктурата ФИНКИ и МОН (со која управува ФИНКИ), при што ќе се изврши интеграција со останатите системи на МОН и ќе се обезбеди поедноставена администрација. Иако имаме големо искуство, ни претставува предизвик да се направи систем кој истовремено ќе опслужува 200-300 илјади корисници – вели Јакимовски.
Тој се надева дека набрзо ќе завршат со имплементацијата за што поскоро да се започне со обуки, а и да се изготват соодветни материјали и упатство за користење.
– Плановите ни се сè да биде подготвено до 15 септември, со некои активности да се заврши и порано, но поради комплексноста и обемноста на системот, можни се одложувања. Во секој случај, ќе има предизвици! Верувам дека преку соработката со ИТ-индустријата, телеком-операторите и надлежните институции ќе се изнајдат соодветни решенија – вели Јакимовски.
На прашањето кој е минимумот од опрема и технологија што секој ученик треба да го има дома за да може да следи настава, Јакимовски одговара: