Во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, рече дека не може Насер Зибери да биде народен правобранител, бидејќи таа позиција треба да е за опозицијата.
Зибери, според информациите, треба да го замени Иџет Мемеди, кому во декември му истекува мандатот на таа позиција. Но, Села има поинакво мислење околу сето тоа.