Некои од пациентите болни од рак кои се лекуваат на Клиниката за онкологија останаа без терапија. Последните денови кога болните доаѓаат да си ја подигнат терапијата се враќаат со објаснување дека лекот го нема, а кога ќе биде дистрибуиран ќе бидат известат телефонски, објави Слободен печат.
– Некои од сестрите не советуваа ако имаме уште нешто од терапијата да ја земаме во помали дози за да ни трае подолго или ни рекоа дека ќе мора да направиме прекин. Кога ќе дојдат лековите, не ни кажаа. Да останеме без терапија не е решение, ова не смее да се случува – револтирано раскажува пациентка која се лекува од рак на градите и сега прима продолжена таблетна хемотерапија.
Вработени на клиниката објаснуваат дека недостасуваат неколку типови на терапија поради тоа што доцнат јавните набавки.
Директорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев потврдува дека има недостиг, но вели и дека брзо ќе се надмине.
Извор: Слободен печат