Министерот за здравство, Венко Филипче, пред почетокот на својот втор мандат како министер за здравство, упати охрабрувачка порака преку својот профил на Фејсбук.
Поминаа шест месеци од почетокот на кризата со коронавирусот. Кризата донесе тага за оние кои ги загубија блиските, економска неизвесност за сите нас и огромна промена во нашите животи. Но, секој ден сме поблиску до надминување на оваа состојба. Ќе победиме и успехот ќе биде наш, заеднички, напиша министерот Филипче.
Д. Е.