ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Модернизиран ДМС системот, подобра организација на институциите и побрзи административни процеси

Со имплементација на ДМС и дигитализацијата на работните процеси во институциите се овозможува целиот работен процес да се одвива електронски, рече Манчевски.

August 29, 2020 10:28
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесирањето на документите и спроведувањето на работните процеси во институциите може да се одвива целосно електронски, откако Министерството за информатичко општество и администрација го модернизираше и адаптираше Националниот систем за управување со документи ДМС. Ова решение треба да помогне во организација на работата во услови на КОВИД-19, но и да помогне во намалување на корупцијата и откочување на административно закочените процеси.

-Новиот национален систем за управување со документи е вистинското решение за организација на работата во време кога не знаеме како ќе се развива општеството со Ковид 19. Дигитализацијата на работните процеси и можноста секој да работи каде и да е локациски поврзан на интернет, преку својот мобилен, таблет или компјутер овозможува навремено и квалитетно завршување на работните задачи што доведува до уште подобри услуги за граѓаните, рече на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација во заминување Дамјан Манчевски во заминување, претставувајќи ги новините од унифициран систем за подобрување на работењето на државните институции, како дел од активностите за дигитализацијата на службите.

МИОА, како што рече, во последните неколку месеци активно се посветиле на модернизација и адаптирање на Националниот систем за управување со документи ДМС.

-Со имплементација на ДМС и дигитализацијата на работните процеси во институциите се овозможува на вработените своите документи и предмети да ги добиваат во електронска форма, да постапуваат по истите електронски и да креираат свои документи кои ќе може преку системот да ги праќаат на одобрување, потпишување, архивирање и понатамошно електронско проследување. Со други зборови, целиот работен процес да се одвива електронски, рече Манчевски.

Новиот ДМС систем го користат 16 институции и околу 5 000 корисници, а се работи на приклучување на уште  четири институции. Во следниот мандат, потенцираше Манчевски, Владата активно ќе продолжи да работи на приклучување на нови институции и ќе се зголеми бројот на корисници.

Манчевски појанси дека ДМС системот овозможува заедничко работење на административните службеници, од различни сектори и одделенија. Заедничкото работење и координација доведува до поквалитетни услуги за граѓаните.

– Новиот ДМС систем е SMART систем кој го олеснува работењето. За секој предмет кој ќе биде заверен во архива и електронски разменет со некоја институција, тоа ќе значи дека одговорот за тој предмет ќе биде автоматски заверен и распределен до лицата кои учествувале во неговата подготовка, независно од местото од каде што работат. Со националниот ДМС се прави унифицирање на архивското и деловодно работење на институциите во соработка со Државниот архив и Државниот управен инспекторат. Дополнително, ДМС овозможува електронски решавање на предметите односно барањата за услуги, поднесени од преку порталот uslugi.gov.mk кој денеска го користат повеќе од 25.000 граѓани, информира Манчевски.

За да се искористи целосно потенцијалот на овој систем, укажа, потребно е и институциите да го адаптираат своето работење на електронскиот начин на колаборација, креирање, заверување и потпишување на документи.  Тоа, посочи, ќе олесни многу административни процедури и ќе биде една од клучните реформски активности и на новата Влада во новиот мандат.

-Овој систем им овозможува на раководните лица да имаат редовен преглед кој вработен колку предмети сработил. На овој начин, вработените се отчетни пред раководителите, но и пред граѓаните. Цврсто сум уверен дека овој начин на електронско работење и контрола, ќе придонесе за намалување на корупцијата и директно ќе влијае на откочување на административно закочени процеси, истакна Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на ангажманот на административните работници шѕо  не беа распоредени на работни места, најави дека согласно со коалицискиот договор за новата Влада е договорен  конкретен краток временски период од само неколку месеци во кои  би се затворило ова прашање. Сите нераспределни лица да тргнат на работа, а доколку  некој одбива тоа да го направи договороте ќе бидат прекинати,  појасни Манчевски, кој на прес-конференцијата се заблагодари на медиумите за соработката во изминатиот период. Тој е избран за пратеник во новиот сосбраниски состав, а министерската функција во МИОА според предлогот за состав на новата Влада треба да ја врши Јетон Шаќири, кадар на ДУИ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тихановскаја: Белоруската опозиција подготвена да ја прифати Русија како посредник

НАЈНОВО

Уапсен белгиски полицаец под сомнеж за шпионажа за Кина и Русија

October 12, 2025
Фото: МИА

Хамас сигнализира забрзано ослободување на заложниците – можеби уште вечерва, Израел подготвен да ги прими

October 12, 2025
Скриншот

Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пикси поднесе оставка по поразот на Србија од Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk