Околу 3 часот изутринава, од водите на реката Вардар било извлечено телото на 19-годишна девојка која околу полноќ скокнала во реката, пренесува Макфакс.
Според извори од полицијата, сѐ уште се трага по уште едно машко лице, за кое се претпоставува дека скокнало во реката при обид да ја спаси девојката од надојдената река.