Од Јавното Сообраќајно Претпријатие – Скопје информираат дека од утре, вторник (1 септември) повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз.
Од ЈСП потсетуваат дека од пред три месеци во функција се и бесплатните годишни студентски билети.
Сепак, и натаму не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.