По шест месеци пауза од утре стартуваат закажаните интервенции за оние кои не се само ковид-пациенти и итни случаи во Градската општа болница „8 Септември“.
Функционирањето во болницата за прием на пациентите ќе биде според сите протоколи од мерење на температура, носење маски, прегледи со одредени термини, одговорно лице ќе внимава на редот и држењето дистанца помеѓу пациентите.
Од утре граѓаните имаат можност да закажуваат „Мој термин“, кој досега поради вонредната состојба не функционираше.
И Здравствен дом-Скопје, со сите негови служби, Итната медицинска помош, прераспределбата на интернисти во останатите градови во земјава како дополнување и помош на инфективните одделенија во болниците надвор од Скопје почнува да функционира исто како и пред епидемијата.
Според специјалистите, закажаните термини преку електронскиот систем се пополнети за следните две недели.
Сите случаи кои не беа итни во Ковид-центрите беа одложени поради коронана пандемијата.
Прегледите ќе бидат ограничени на 30 минути и ќе има задолжително мерење на температура кај пациентот.
„8 Септември од утре ќе работи со максимум 55 ковид пациенти, а останатите ќе бидат префрлени во останатите инфективни одделенија.