ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Штипските училишта се подготвуваат за старт на учебната година

September 1, 2020 16:39
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците денеска ги нема во училишните клупи, тивки и празни се училниците во сите штипски училишта. Но, наставниот кадар со заштитни маски е во училиштата, каде што се подготвуваат за наставата со физичко присуство или онлајн, во зависност на кое одделение држат настава.

Раководителот на Секторот за обраозование и ЛЕР во Општина Штип, Билјана Казанциска, вели дека сите училишта ги задоволуваат протоколите за влез и излез, а исто така и за големината на училниците. Таа истакна дека од Министерството за образование и наука официјално почнува анкетата на родителите, кои треба да се изјаснат дали нивните ученици се за настава со физичко присуство или за онлајн-настава. Но неколку основни училишта самоиницијативно направиле анкета со родителите. Резултатите покажуваат различни ставови.

-Во училиштето „Гоце Делчев“ 97 отсто од родителите на учениците од прво до трето одделение се изјасниле за физичко присуство во училиштето, додека за предметната настава од шесто до деветто одделение тој процент е 70. За разлика од ова училиште, голем е процентот на родителите во „Тошо Арсов“, кои сакаат нивните деца наставата да ја следат од дома, вели Казанџиска.

Директорот на најголемото основно училиште во штипскиот регион. „Ванчо Прќе, Методи Папаров, вели дека се залагаат наставата од прво до трето одделение да биде со физичко присуство на учениците, но паралелките ќе бидат поделени во две групи.

-Ако една паралелка има 20 ученика, таа ќе се подели во две групи, едната група ќе почнува со настава од 7.30 до 10.30, а втората група ќе почнува од 10.30 до 13.30 часот, ова ќе важи и за А и Б смена, вели Папаров.

Тој истакна дека според најавените протоколи, физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение не може да се реализира во нивното училиште, бидејќи станува збор за  1200 ученици. Но затоа, пак, самоиницијативно со помош на ескпертите од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип прави Мајкрософт-платформа, којашто ќе овозможи на наставниците од четврто до деветто одделение онлајн-часовите да ги држат во кабинетите на училиштето.

-Наставниот кадар ќе има обуки, десет настваници ќе се обучат од овие експерти како да ја држат наставата на оваа платформа, а овие обучени наставници во групи  ќе ги обучуваат останатите свои колеги. Имаме можност ова да го реализираме, вели Папаров.

Тој истакна дека ќе бара од Советот на Општина Штип наставата со физичко присуство на учениците да се одвива во руралните средини, каде што бројот на ученици го дозволува тоа, а исто така оваа настава да важи и за учениците со посебни потреби од прво до деветто одделение. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Општина Чаир ќе постапи по препораката на Владата за дивоградбата на Мевљудин Алити кај „Мавровка“

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk