Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира 15 новозаболени лица од Ковид 19, од кои 14 се од градот, еден е од општина Липково, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 31 пациент од Куманово.
– Новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени од семејства и од колеги, изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Куманово, д-р Ариф Љатифи.
Денеска се извршени 23 тестирања од кои 20 по „Мој Термин“ и три тестирања се извршени согласно епидемиолошка индикација.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.498, а во моментов активни се 300 случаи.