ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Артан Груби нема сестра, туку двајца браќа, а осомничениот е пронајден!

Споменатиот вицепремиер Груби не е во блиско ниту подалечно сродство со еден осомничен за убиството на младо момче од Скопје, кој, патем, по потерница од МВР бил пронајден и приведен во Германија

September 3, 2020 18:37
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пост со вистинска фотографија, но со неточни тврдења, е објавен на Фејсбук неодамна, при што стана исклучително вирален (погледнат и споделуван), со што постои потенцијална опасност реалниот говор на омраза што го предизвикува, да прерасне во насилство од омраза, открива порталот Вистиномер.

(врз фотографијата од трето осомничениот пишува):

Ова е Јетон Љужа, убиецот на Саздо и внук од сестра на Артан Груби. Уште не е најден!!

Според достапните податоци, овој пост е објавен на 1 септември 2020 г. во попладневните часови и во рок од 24 часа го виделе 18 илјади луѓе, а досега е споделен дури 228 пати само од профилот на авторот на постот.

Тврдењата во постот се ЛАГА. „Вистиномер“ го провери најпрво тврдењето дека станува збор за лице, „внук од сестра на Артан Груби“, кој во моментов е тазе вицепремиер во Владата на Зоран Заев. Од два независни извора, еден семеен, близок до семејството Груби, како и еден упатен новинарски извор, дознавме дека Артан Груби нема сестра. Според нашите извори, тој има двајца браќа, еден помал и еден постар, кои работат во приватен сектор, во компании, едната поврзана со сообраќај, другата со туризам.

Второто тврдење што го истражувавме беше „уште не е најден“. Според проверка по интернет, Јетон Љужа е најден и се наоѓа во Германија. Имено, по објавувањето на меѓународна потерница од страна на МВР, а по налог на Јавното обвинитлство на 27.07.2018 година, на 22.11.2019 година медиумите објавија дека во Хамбург во Германија бил уапсен третосомничениот за убиството на Никола Саздовски, повикувајќи се на „извори на истрагата“ и на соопштение на МВР.

Според извори од судско обвинителската фела, Љужа „се уште не е екстрадиран и постапката за испорачување тече“.

Инаку по покренато обвинение од страна Јавното обвинителство имаше судење во Кривичниот суд во Скопје, по што две лица беа осудени во прв степен на по 19 години затвор.

„Вистиномер“ се реши на проверка на факти во овој пост затоа што тој во себе носи говор на омраза базиран врз лага. Го постира лице кое се претставува за етнички Македонец, се однесува на лица кои се осудени за убиство во прв степен, а се чека екстрадиција на трето, сите етнички Албанци. Притоа, на ваквото лажно тврдење за третото лице се надоврзува и се чини дека е основна цел на лагата, вицепремиерот Артан Груби, кој е познат по поврзаност со навивачката фудбалска група на која припаѓале осудените и осомничениот. Вака спакувана лага го шири говорот на омраза врз етничка и политичка основа и е потенцијална закана за криминал, насилство од омраза, пишува во текстот на Вистиномер.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk