Болницата во Козле или вториот Ковид центар во државата од денеска е затворен за возрасни пациенти. Ќе хоспитализираат и третираат само деца позитивни или сомнителни на корона вирусот како и порано, кои престојуваат во болничките соби со мајките.
Вчера од оваа здравствена установа ги пратиле на домашно лекување постарите лица, а само мал дел ги препратиле на долекување на Инфективна клиника.
Во моментот, во болницата во Козле има две деца и две мајки позитивни на Ковид 19, и четири деца со мајките кои чекаат резултати. Педијатрите нема да враќаат ниту едно дете со фебрилна состојба, но доколку нема корона вирус ќе биде препратено на Детска клиника.