Центарот за јавно здравје – Куманово во изминатото деноноќие регистрираше десет нововозаболени лица од Ковид 19, од кои осум од Куманово, двајца од Липково. Надлежните од јавната здравствена установа информираа дека оздравени се 13 пациенти.
– Новозаболените имале контакти со претходно заболени лица, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Денеска се изврешни 33 тестирања од кои 23 по „Мој Термин” и десет тестирање извршени согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, со Ковид-19 се дијагностицирани 1.522, а во моментов активни се 277 случаи.