Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, денеска реагираше на непочитувањето на договорените цени меѓу Владата и Тиквеш.
Според Хоџа, објавен е ценовник од винаријата Тиквеш „кој е некоректен и спротивно од тоа што првично го договориле на состанокот со сите винарии, во кој состанок учествувал и претставник на винарската визба „Тиквеш”. Во договорот стои „9 денари за откуп за Смедеревка, 11 денари за Вранец.“
„Од државата ќе се субвенционираат индивидуалните производители со дополнителни 4 денари со што ќе ја постигнеме ланската цена. 2 денари субвенција ќе помогнеме и за високосортното винско грозје.
Министерот ја објави својата реакција на социјалните мрежи каде што истакна фотографија со ценовникот на Тиквеш, од кој се гледаат различни цени од оние што биле договорени“, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа.
Д. Е.