Во Градот Скопје има околу 140 објекти кои се дивоградби, рече градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. На местото каде се руши објектот пред „Мавровка“, пак, вели тој, веројатно ќе може да се обнови истиот објект односно кафулето кое се наоѓаше во сутеренот, пренесува 360 степени.
„Градот за жал, нема ингеренции над дивоградбите. Аналитиката кажува дека има околу 140 објекти на територијата на Град Скопје. Повикувам сите институции да си ја вршат работата. Во ’Мавровка‘ во сутеренот беше легализиран тој објект, веројатно во постапка на обнова може да се врати тој дел кој беше легализиран“, изјави Шилегов.