Во 2007 година на шести септември во Модена почина светски познатиот италијански тенор Лучано Павароти.
На Павароти му беше поставена дијагноза рак на панкреас по што му беше направена операција. Неговата светска слава почна на 17 февруари 1971 година со настапот во њујоршкиот Метрополитен. Во 1990 година се здружи со Хозе Карерас и Пласидо Доминго. Павароти доби неколку „Греми“ награди. Поради здравствените проблеми тој се прости од настапите во 2004 година. Роден е во Модена на 12 октомври 1935 година.
На денешен ден во 1998 година почина јапонскиот филмски режисер Акира Куросава, кој ја прослави јапонската кинематографија. Куросава е единствениот режисер добитник на два Оскара за најдобар странски филм. Успешно ги спои јапонската традиција и култура со европскиот сензибилитет, а критичарите го нарекоа “цар на јапонската кинематографија”. Филмови: “Седум самураи”, “Крвавиот престол”, “Идиот”, “Да се живее” и други. Роден е во Токио, на 23 март 1910 година.
Ј. Ѓ.