Навикнати на беззаконие, ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои не можат да се помират со тоа што се постапува по закон и се уриваат дивоградби. За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес се постапува неселективно, професионално во спроведување на законите и во интерес на граѓаните, пишува во соопштението на СДСМ.
Очајното ВМРО-ДПМНЕ до толку е изгубено во сопствените манипулации што денеска покажа дека не ги познава законите, ниту оние кои самата партија ги има донесено како што е Законот за легализација на бесправно изградени објекти со кој имаше можност за легализација на имоти изградени до 2011 година.
Колку и да не му се допаѓа на очајното ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво, а времето на селективност е минато.