ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

До 2024 година над 50 отсто од енергијата од обновливи извори

Планирана е и ревитализација и модернизација на сите три блока во РЕК Битола, со редукција на прашина и десулфуризација, ревитализација и модернизација на Блок 1 за намалување на емисии на азотни оксиди и отворање на можност за употреба на различни типови на гориво, модернизација и санација на разладните кули во РЕК Битола, заради зголемување на нивната ефикасност и замена на азбест цементните материјали со еколошки прифатливи материјали, набавка на помошна механизација за рудниците во РЕК Битола и опрема за дисконтинуиран систем за експлоатација, подготовки за отварање на рудникот Живојно, како и ревитализација на постојните големи хидроелектрани.

September 7, 2020 08:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата Влада планира фундаментално да го промени енергетскиот профил на државата со цел да ја подготви за идните предизвици за годините што следат и за таа цел сака енергетскиот сектор да биде одржлив и диверзифициран, со евтина енергија и стабилни извори на понуда, а домашното производство значително да се зголеми. Во својата Програма предвидува до 2024 година над 50 отсто од вкупната инсталирана електрична моќност во државата да биде од обновливи извори на енергија со што за повеќе од 20 отсто ќе се намалат емисиите на штетни гасови од енергетските извори.

Во Програмата е предвидено во првите шест месеци од новиот мандат да биде објавен тендер за модернизација и трансформација на ТЕЦ Неготино, во постројка која ќе користи природен гас и ќе обезбеди можности за зголемено земјоделско производство, а се очекува и конечно да почне изградбата на ХЕЦ Чебрен по пат на јавно-приватно партнерство. Владата најавува дека ќе поттикне иновации во фотонапонската технологија и очекува со новите фотоволтаични електрани со инсталирана моќ од 400 мегавати, од кои 100 мегавати се планирани да бидат во ТЕЦ Осломеј, да произведат околу 560 гигават часови електрична енергија или околу 10 отсто од вкупното домашно производство. Планира во наредните четири години да бидат изградени ветерни електрани со моќност од дополнителни 160 мегавати и нови 30 мегавати биогасни електрани, што ќе им бидат понудени на оние инвеститори кои ќе отворат сточарски комбинати или ќе се организираат во задруги.

Планирана е и ревитализација и модернизација на сите три блока во РЕК Битола, со редукција на прашина и десулфуризација, ревитализација и модернизација на Блок 1 за намалување на емисии на азотни оксиди и отворање на можност за употреба на различни типови на гориво, модернизација и санација на разладните кули во РЕК Битола, заради зголемување на нивната ефикасност и замена на азбест цементните материјали со еколошки прифатливи материјали, набавка на помошна механизација за рудниците во РЕК Битола и опрема за дисконтинуиран систем за експлоатација, подготовки за отварање на рудникот Живојно, како и ревитализација на постојните големи хидроелектрани.

Воедно Владата планира целосно да ја реконструира преносната електроенерегетска мрежа и да изгради нови далекуводи и на тој начин да го направи МЕПСО регионален преносен електроенергетски центар. Се планира доизградба на 400 киловолтниот интерконективен далекувод Битола – Елбасан и 400 киловолтната трансформаторска станица во Охрид, нов 400 киловолтен далекувод кој ќе се гради до идната електрана Чебрен заедно со 400 киловолтна трансформаторска станица во близина на електраната, како  и зајакнување на електроенергетската мрежа во целата држава со нови далекуводи и трасформаторски станици, со цел да се овозможат новите инвестиции во фотоволтаични и ветерни електрани во целата држава.

Се планира и целосно завршување на магистралните гасоводи и брз развој на дистрибутивни мрежи за домаќинства, административни, комерцијални и индустриски објекти. Според најавите од Владата, ќе се финализира изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар со понатаможно продолжување до Кичево. Во консултации со ЗЕЛС ќе се бира најсоодветниот модел за изградба на дистрибутивни мрежи на природен гас.

Во Програмата на Владата се најавува и државна енергетска трансформација со која секој граѓанин ќе добие можност да биде енергетски производител и корисник на еколошки чиста и поевтина енергија. За таа цел се предвидуваат посебни, иновативни и високоефективни проекти за соларни термални колектори со кој ќе бидат опфатени околу 100.000 домаќинства во период од четири години.

Владата ветува дека ќе воспостави иста цена за топлинска енергија и ангажирана моќност во Скопје за сите потрошувачи по категории приклучени на топлификациската мрежа, независно во која општина и населба живеат или ја остваруваат својата дејност. Преку АД ЕСМ планира да изгради топлификациски систем за Битола, Могила и Новаци, како и да го прошири снабдувањето со топлинска енергија во населбите Чаир, Бутел, Скопје Север, Маџари 2 и Лисиче со проширување на топловодната мрежа.

Се најавува и стимулирање на индивидуалните домаќинства и зградите за колективно домување, како и јавните објекти да инвестираат во когенеративни уреди за производство на електрична и топлинска енергија.

Преку АД ЕСМ во период од 2022 до 2024 година планирана е градба на нова когенеративна постројка од 50 мегавати во склоп на постојниот објект Енергетика во Железара, со што ќе се овозможи дополнително производство на електрична енергија и ќе се задоволат потребите за топлинска енергија на поевтин начин. Во рамките на регионалните депонии, пак, се најавува потиикнување на изградба на станици за селекција на комуналниот отпад и користење на отпадот за производство на електрична енергија со повластена цена и со гарантиран откуп на произведената енергија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ѓоковиќ по дисквалификацијата од УС ОПЕН: Тажен сум, ова непријатно искуство ќе го претворам во животна лекција

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk