Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, реагираше на неговата дисквалификација од УС Опен, откако со топче ненамерно удри една од линиските судии во грлото/вратот
„Целата оваа ситуација ме прави навистина тажен и празен. Проверив како се чувствува линиската судијка и според информациите што ги добив, таа се чувствува добро, фала му на Бога. Не можам да го откријам нејзиното име за да ја зачувам нејзината приватност. Жал ми е што ѝ нанесов таков стрес. Не беше намерно. Беше погрешно.
Ова непријатно искуство, дисквалификација од турнирот, сакам да го претворам во важна животна лекција, за да можам да продолжам да се развивам и како личност и како тенисер.
Им се извинувам на организаторите на УС Опен. Јас сум многу благодарен на мојот тим и семејството што ми дадоа силна поддршка, како и на моите навивачи затоа што тие секогаш се покрај мене. Ви благодарам и жал ми е. Ова беше тежок ден за сите“, напишал Ѓоковиќ на Фејсбук.