ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ за Слободен печат: Спроведувањето на законот не може да зависи од политички договор

September 7, 2020 09:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Назначувањето на Бојан Маричиќ за министер за правда за многумина беше изненадување, со оглед на фактот што доаѓа на местото на д-р Рената Дескоска. Но, малкумина знаат дека тивкиот Маричиќ завршил студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, по што продолжил со правни студии во Лондон и во Амстердам. По враќањето на УКИМ, кратко време бил асистент. Работел на проекти за француското министерство за внатрешни работи и во невладиниот сектор. Во интервјуто за Слободен печат, Маричиќ говори за предизвиците кои го очекуваат во еден од накомплесните сектори во земјава. Неговата политичка верификација и промоција следува во 2017 година кога во Владата беше назначен за посебен советник на премиерот Зоран Заев за евроатлански интеграции, по што активно се вклучува и во преговорите за постигнувањето на Преспанскиот договор.

Владата се обврза дека еден од главните приоритети ќе и биде спроведувањето неселективна правда и владеење на правото. Имате ли план и стратегија како ќе го реализирате тоа?

– Уште првиот ден на функцијата министер за правда најавив дека во првите сто дена од мандатот, со нашите партнери и стручната фела ќе утврдиме модел кој ќе обезбеди ефикасно и објективно прочистување на судството. Потребен е ефикасен правосуден систем кој ќе обезбеди брза борба против корупцијата со целосно почитување на човековите права. Мора да го зајакнеме и правосудниот систем со финансиска поддршка и со обезбедување стручни соработници за обвинителите и судиите. Со поддршка од нашите европски партнери ќе обезбедиме и мониторинг на судските процеси. Потребно е зголемување на транспарентноста и отчетноста на обвинителството и тоа е дел од нашата програма. Сметам на поддршка од институциите, од меѓународните партнери, како и од граѓанскиот сектор, изјави Маричиќ.

Во експозето премиерот Зоран Заев најави ревизија на пет проценти од судските предмети, но остана нејасно како тој процес ќе се одвива и кој ќе го спроведе?

– Моделот за ревизија на судските предмети е едноставен. Процесот на ревизија на судските одлуки ќе биде по случаен избор за сите судски пресуди во последните пет години. Надлежен орган за спроведување на ваква ревизија може да биде Судскиот совет, секако со мониторинг на стручната јавност, стратешките партнери и граѓанското општество, вели Маричиќ.

Во јавноста постои голем интерес дали и кога ќе има завршница на предметите од Специјалното јавно обвинителство?

– Не случајно Законот за Јавното обвинителство беше услов за почеток на преговорите со ЕУ. Законот подразбираше гаранција за правна завршница на предметите почнати од СЈО. Сметам дека јавноста оправдано бара подинамична работа на институциите и поефикасна правда и за случаите на СЈО и за сите останати. Застарувањето на случаи без основа е практика која нанесува неправда. Тоа не смееме да го толерираме и верувам дека судовите тоа ќе го имаат предвид.

Освен во правосудството се очекуваше реформа и на обвинителскиот систем. Дали тој процес е завршен со законот за обвнителство?

– Процесот на реформирање на обвинителскиот систем почна со донесувањето на законот, а не заврши со него. Законот за Јавното обвинителство е основната рамка која обезбедува подобрено функционирање на Јавното обвинителство. Со него овозможивме зајакнување на финансиската независност на обвинителството и зголемување на бројот на обвинителите. Сепак, ова е закон кој треба да се имплементира пред се од самата фела.

Една од дилемите што постојано се поставува е како извршната власт ќе спроведе реформи во судството без да се меша во оваа според Уставот независна власт?

– Не е работа на извршната власт да се меша во работата на судовите, но одговорноста на извршната власт е да ја зајакне довербата на граѓаните во правосудниот систем. Се уште постојат случаи пред судовите кои оставаат впечаток во јавноста дека правдата не е задоволена. Затоа е важно преку зголемена транспарентност, отчетност и ефикасност, како и преку квалитетно процесирање и пресудување на случаите, довербата во судството да се зајакне. Еден од патоказите за тоа се и актите од Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на институционалните практики кај нас и тоа може да ни биде добра водилка за подобрување на нашиот систем.

Колкав степен на согласност има меѓу коалициските партнери за истерување на правдата до крај без притоа да се штитат „своите“ интереси?

– Коалициониот договор и владината програма ја ставаат правдата во фокусот на владините приоритети, заедно со економијата и со европските интеграции. Првите чекори на новата Влада јасно укажуваат дека не може да постои политички договор за тоа дали ќе се спроведува законот или не. Затоа сум убеден дека ова ќе биде еден од водечките принципи на Владата, а владиниот тим и задачите коишто ни беа доделени со мандатните писма гарантираат дека имплементацијата на законите и решавањето на проблемите на граѓаните ќе бидат во прв план. Тоа е врвен интерес на сите коалициони партнери, вели Маричиќ.

Како во целиот процес на реформи да се вклучи и опозицијата, која има своја улога во постигнувањето некаков општ консензус по ова прашање?

– Подадената рака за соработка со опозицијата останува, како и во изминатиот период. Лично бев вклучен во повеќе процеси каде што се преговараше и договараше за законски процеси каде опозицијата некои од нив ги поддржа, а за некои немаше сила да го направи тоа. Евроинтеграциите претставуваат нешто што е добро за граѓаните на оваа држава. Сметам дека тој интерес треба да ги обедини пратениците во Собранието кога се носат клучни, двотретински закони. Да се биде конструктивен во процесот на евроинтеграција значи да се работи за општиот, јавен интерес. Најдобар начин за вклучување на опозицијата е доколку приоритетите од евроинтеграциите се стават над партиските интереси и доколку постигнеме согласност и заедно ги поддржиме во Собранието. Законодавниот дом е најдобар форум за остварување на овој дијалог и верувам дека преку собраниските тела, а и во директна комуникација, ќе го зајакнеме дијалогот и довербата за прашања од јавен интерес. Подготвеноста на Владата е неспорна, а колку ќе функционира оваа соработка зависи од политичката волја на опозицијата, вели Маричиќ во интервјуто.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk