ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев на средба со ССМ: Се стремиме кон повисоки плати, нов Закон за работни односи, заштитата на работниците и унапредување на правата на жените работнички

September 7, 2020 19:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Се стремиме кон иста цел – да реализираме минимална плата од 20.000 денари, со што го остваруваме и барањето на синдикатите за минимална плата која е речиси 60% од просечната плата, а просечната нето плата очекуваме да порасне до 34.000 денари до крајот на мандатот“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во изјавата за медиуми пред почетокот на денешната средба со претставници на Сојузот на синдикати.

Премиерот Заев истакна дека Владата продолжува да ги негува принципите на праведност, партнерство и инклузивност, вложувајќи во работниците кои, како што рече Заев, се движечка сила на економијата, и најави нови мерки во областа на социјалната сигурност.

„Целосно сме посветени на заштита на правата на работниците со новиот Закон за работни односи кој ќе ги содржи европските и светските тенденции во работно правните односи. Договорите за вработување на определено време ќе бидат само во исклучителни објективни услови и со траење до 1 година.

Преку стабилизирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување гарантираме редовна и одржлива исплата на пензиите. Воведуваме можност и за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија. Не ги забораваме ни ранливите категории. Ќе воведеме државна социјална пензија за секое лице над 65 години кое во последните 20 години живеело на територијата на нашата држава и не ги остварува условите за старосна пензија. Исто така, ќе овозможиме повозрасното земјоделско население, со стаж од 15 години и со старост од 64 години, да биде корисник на пензија“, истакна премиерот Заев.

Осврнувајќи се на заштитата и унапредувањето на првата  на жените работнички, премиерот Заев подвлече дека посветено се работи на гарантирано враќање на истото работно место по породилно отсуство и задржување на истото во наредната година, како и на заедничко користење на родителско отсуство на двајцата родители за првите 1-3 месеци на породилното отсуство.

На крај, премиерот Заев ги увери претставниците на Сојузот на синдикати дека во време на пандемија со КОВИД-19, Владата ќе продолжи да ги презема сите потребни мерки за заштита на сите работници и нивните работни места.

„Нашата грижа за работниците и владеењето на работничките права продолжува со построга, темелна и редовна контрола на работното време. Недела ќе биде неработен ден за сите кои сакаат да бидат со своите семејства, а ќе обезбедиме и целосно остварување на правото на годишен одмор. Со оваа средба уште еднаш  ја потврдуваме нашата силна волја да бидеме вистински социјален партнер на сите прогресивни чинители во нашата држава и да вложуваме во човечкиот капитал“, заклучи премиерот Заев.

На средбата присуствуваа и министрите задолжени за економските ресори Фатмир Битиќи, заменик на премиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Фатмир Бесими министер за финансии, Крешник Бектеши министер за економија, Арјанит Хоџа министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Венко Филипче министер за здравство, Јагода Шахпаска министерка за труд и социјална политика и Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Маричиќ: Планот за враќање на довербата во судството ќе го утврдиме во првите 100 дена на Владата

НАЈНОВО

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025
Фото: МИА

Мицкоски: Оската Филипче-Ахмети-Апасиев ја влече Македонија назад

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk