ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицкоски: Оската Филипче-Ахмети-Апасиев ја влече Македонија назад

October 12, 2025 22:21
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Оваа глетка, којашто вечерва е пред мене е импресивна и од она што можам да го видам овде во Штип имам само еден заклучок – Иван го продолжува својот мандат како градоначалник во Штип, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митнгот во Штип, каде што беа промовирани кандидатот за градоначалник Иван Јорданов и советничката листа.

Тој посочи дека повторно сме пред избори на коишто се одлучува за заедничката иднина.

– А, вие добро знаете да направите разлика меѓу оние кои со трикови, измами и подземни коалиции сакаат да ја добијат вашата доверба и ние коишто постојано сме со вас. Никогаш не ве излажавме, единствено цврсто, шо може да ви ветиме е само посветена работа. Навистина ми е жал што црната кампања стана единствената понуда на нашите политички противници, вели Мицкоски.

Тој додаде дека опозицијата наместо да даде идеи, нуди омраза, наместо визија нуди поделби, наместо конкретни решенија нуди навреди и закани.

– Со месеци го трујат јавниот простор со лаги, етикети и деструкција, создавајќи атмосфера во која политиката се сведува на пазарење со омраза, а не на натпревар на идеи. Едниот претседателот на СДСМ, Венко Филипче наместо да зборува за својата одговорност во здравството, секоја вечер од говорницата се претвара во гласен критичар, без аргументи, како коментатор од трибина, кој повеќе навива, отколку што нуди било какво решение. Вториот, претседателот на ДУИ, Али Ахмети упорно живее во своите спомени. Држи историски лекции, говори за минатото додека сегашноста и иднината му се полни со криминал и корупција, за третиот Димче Апасиев со својата вулгарна реторика и стил само ја надополнува оваа мрачна тријада, оска на минатото што ја влече Македонија назад, рече Мицкоски.

Посочи дека овие тројца политички пријатели и актери не нудат надеж, иднина и дека имаат било каков план. Тој се осврна и на проектите што се реализираа, како и на помошта што централната власт им ја дава на општините.

Next Post
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk