Tри лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи утрово на булеварот Партизански одреди и булеварот 8 Септември.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(47) од селото Гарани, кичевско и товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(36) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се здобиле возачот на патничкото возило С.И. и сопатниците во истото возило Б.В.(33) од с.Врановци, гостиварско и В.Д.(21) од с.Арачиново, скопско. Со телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило, М.Х.(32)од с.Врапчиште, гостиварско и С.Б.(47) од с.Брњарци, скопско. И тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.