Го снема и последниот силос од добро познатата бетонската база на советникот од ДУИ Нефи Усеини, пренесе Skopje1.mk.
Полека но сигурно, со многу тешкотии, пречки и опструкции државата почна да става ред во хаосот со дивоградбите и денес ја гледаме сликата која до пред некој месец беше незамислива, посебно ако се има предвид дека политичарите со децении во Македонија важеа за недопирлива категорија на граѓани кога е во прашање спроведувањето на законите.
Клучна улога во борбата за справување со дивоградбите и спас на Охрид и езерото имаа дел од медиумите од Скопје и Охрид кои скоро две години непрекинато алармираат и укажуваат дека состојбата со дивоградбите во Охрид е алармантна и неодржлива и едноставно мора да биде променета.
Извор: Skopje1.mk