Гугл oбјави лансирање на нова опција за телефони со Android која не само што ги идентификува деловните повици, туку ја идентификува и причината за повикот.
Интернет гигантот со седиште во Маунтин Вју во објава на блог на компанијата вели дека нејзината нова телефонска апликација, Verified Calls, ги прикажува името на повикувачот, логото и причината за повик, заедно со симбол за верификација што му кажува на примателот на повикот дека овој бизнис е автентициран од Гугл.
Гугл вели дека новата опција, не собира или зачувува лични податоци по верификацијата и се надева дека измамата со телефонски повици и смс пораки, ќе ја сведе на минимум и ќе успее да ја врати довербата помеѓу бизнисите и корисниците
Апликацијата Verified Calls ќе биде достапна почнувајќи од оваа недела на уредите со Андроид. На почетокот ќе може да се симне во САД, Мексико, Бразил, Шпанија и Индија, за подоцна да биде достапна и за корисниците од повеќе земји, соопшти компанијата, пренесе NBC.
Ј. Ѓ.