На време ќе биде подготвена платформата заради тоа што работат факултетот ФИНКИ, коморите МАСИТ и сите други коишто работат на таа платформа, рече премиерот Заев.
Знаат точно кои се чекорите за се да биде навремено, подготвено, знаат кој е периодот на тестирање на самата платформа, на издржливоста…Мора да ги предвидиме сите околности за физичкото присуство на учениците, но и теоретски ако најголем дел не исполнат услови и бидат на онлајн платформата за да може таа да биде функционална. Највисок приоритет останува здравјето на граѓаните во овој случај здравјето на дечињата, истакна Заев во интервјуто на Националниот сервис.
Треба да ги земеме сите аспекти како капацитети на државата за справување во најлесни и најтешки околности.
Следејќи ги искуства каде што тргнаа школските години имаме земји како Германија каде што уште при крајот на август тргнаа школските години и видовме како се случи да се затворат 40-50 училишта, Израел беше исто така еклатантен пример.
Другите аспекти се болничките кревети кои што ни стојат на располагање заради тоа што државните капацитети мора да бидат подготвени и во најлесни случаеви и во најтешки. Кога се работи за децата никако не смееме да дозволиме да бидеме во состојба да бираме кои 20 кои 30 деца ќе бидат примени во болница или не, скраја да е тоа не смееме никако да го дозволиме, рече премиерот Заев.
Д. Е.