Негувателка од градинка во Битола е позитивна на ковид-19, а пет деца, три воспитувачки и две негувателки се ставени под здравствен надзор и во домашна изолација од 14 дена, соопшти битолскиот Центар за јавно здравје. Случајот е регистриран три дена по почнувањето со работа на градинките, објави СДК.МК.
Денес во здравствениот билтен на Министерството за здравство регистрирани се четворица новозаболени битолчани, а тројца се оздравени.